сабота, 27 јули 2024

Израелскиот тим ги напуштил преговорите за примирје во Газа

Израел го отповикал својот тим зод преговорите од Доха бидејќи „посредничките преговори за примирје во Газа се во ќорсокак поради барањата на Хамас“, кажа денес висок израелски функционер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изворот, кој е близок до шефот на Мосад кој ги водел преговорите, го обвини лидерот на Хамас во Газа Јахја Синвар дека ја саботира дипломатијата „како дел од поширокиот напор да се разгори војната во текот на рамазан“.

Спротивставените страни ги засилија преговорите, со посредство на Катар и Египет, за шестнеделен прекин на израелската офанзива во замена за предложеното ослободување на 40 од 130 заложници кои сè уште ги држи палестинската милитантна група во Газа.

Хамас наводно се обидувал во договорот за биде вклучен прекин на борбите и повлекување на израелските сили. Израел го отфрлил тоа, порачувајќи дека ќе продолжи со напорите да го уништи раководството и воената способност на Хамас.

Хамас бара и на стотиците илјади Палестинци, кои се пребегани на југот, да им се дозволи враќање на северот на енклавата.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти денес дека Хамас изнел „луди барања“, за кои оцени дека покажуваат дека Палестинците не се заинтересирани за договор.

Хамас го обвини Израел дека одолговлекува со преговорите додека ја спроведува својата воена офанзива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ