среда, 15 јануари 2025

Израелскиот претседател: Ова е правилен потег, ова е важен потег, ова е неопходен потег

Израелскиот претседател Исак Херцог издаде соопштение во кое ги повика Бенјамин Нетанјаху и израелската влада да го прифатат и одобрат договорот за прекин на огнот со Хамас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мои сестри и браќа, граѓани на Израел, ова е клучен момент… им нудам поддршка на премиерот и на преговарачкиот тим во нивните напори за финализирање на овој договор и ги повикувам Кабинетот и Владата на Израел да го прифатат и да го одобрат кога ќе биде претставен – да ги вратиме нашите синови и ќерки дома.“

„Како претседател на државата Израел, на најјасен начин велам – ова е правилен потег. Ова е важен потег. Ова е неопходен потег. Нема поголема морална, човечка, еврејска или израелска обврска од тоа да ги вратиме нашите синови и ќерки – било да се опоравуваат дома или да бидат погребени“, рече Херцог.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ