сабота, 27 јули 2024

Израелскиот премиер Нетанјаху: Државата е во војна (ВИДЕО)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека државата Израел е во војна.

Објавено на

часот

Сподели

Тој се огласи во јавноста со видео порака на социјалната мрежа Х.

Нетанјаху рече дека „Израел е во војна, не во операција, туку во војна. Утрово Хамас изврши убиствен изненаден напад против државата Израел и нејзините граѓани“.

Нетанјаху вели дека наредил „обемна мобилизација на резервисти за да возвратиме со оган што непријателот не го видел. Непријателот ќе плати невидена цена“.

На крајот Нетанјаху истакна „ние сме во војна и ќе победиме“.

Израел објави „воена состојба“ и започна воздушни напади врз Појасот Газа по ненадејниот ракетен напад од страна на палестинските милитанти Хамас кои тврдат дека тоа е само нивниот „прв удар“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ