среда, 23 октомври 2024

Израелскиот министер за одбрана тврди дека Иран подготвува голем воен напад

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант му кажал на својот американски колега Лојд Остин дека Иран подготвува воен напад од широки размери на Израел, пренесува Аксиос.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението на израелското министерство за одбрана, Галант и Остин разгледале оперативна и стратегиска координација, како и спремноста на израелската војска да одговори на заканата од Иран.

Во меѓувреме, американскиот министер за одбрана Остин наредил распоредување на американска подморница со крстосувачки ракети во регионот на Блискиот Исток, соопшти Пентагон.

Ова е редок случај Пентагон да најави распоредување подморница, истакнува Ројтерс.

Во соопштението на Пентагон по разговорот на Остин и Галант, се наведува дека шефот на американската дипломатија ја повторил посветеноста на САД да преземе сè во одбраната на Израел, истакнувајќи дека Вашингтон ги јакне позициите и капацитетите на американските сили на Блискиот Исток.

Новинските агенции во петокот ја цитираа изјавата на заменик командантот на Иранската револуционерна гарда дека Иран е спремен да ја изврши наредбата на врховниот командант ајатолахот Али Хамнеи „строго да го казни“ Израел поради убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран на 31 јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ