сабота, 22 март 2025

Израелскиот министер за одбрана се обиде да објасни зошто сè пожестоко ја напаѓаат Газа

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац кажа денеска дека израелската војска ги интензивира нападите на Појасот Газа од воздух, копно и од море за да изврши притисок врз Хамас да ги пушти на слобода преостанатите заложници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По два месеци релативно затишје, жителите на Појасот Газа повторно се приморани во бегство откако Израел го прекина прекинот на огнот и почна нова општа кампања против Хамас.

Кац рече дека колку подолго Хамас ќе одбива да ги пушти преостанатите израелски заложници, толку повеќе територии ќе изгуби. Тој рече дека војската ќе ги засили нападите од воздух, море и од копно и ќе ги прошири копнените операции сè додека заложниците не бидат пуштени на слобода и Хамас не биде дефинитивно поразен.

Тој рече дека цивилите ќе ги евакуираат на југот на енклавата.

Откако пропаднаа преговорите за продолжување на прекинот на огнот, израелската војска ги продолжи нападите на Појасот Газа со масовно бомбардирање во вторникот, по што во средата прати војници. Во вторникот беа убиени повеќе од 400 Палестинци, а во средата најмалку 300.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ