недела, 19 јануари 2025

Израелскиот министер за финансии: Ќе ја соборам владата ако Израел не ја окупира Газа

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич, лидер на крајно десничарската партија Религиозен ционизам, повика на окупација на Појасот Газа и воспоставување воена управа, заканувајќи се дека ќе ја собори владата доколку тоа не се случи.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Смотрич изјави дека Израел мора да ја окупира Газа и да постави привремена воена влада бидејќи, како што вели, нема друг начин да се победи Хамас.

„Примирјето е голема грешка и предавање на Хамас“, изјави Смотрич во интервју за израелското воено радио, пренесува Гардијан.

Тој додаде дека ќе направи сѐ за да предизвика пад на владата доколку таа не се врати во борба, што би довело до преземање контрола врз целиот Појас Газа.

Смотрич нагласи дека Израел, во вакво сценарио, ќе обезбеди хуманитарна помош за Палестинците од Газа. Договорот за прекин на огнот, тој го нарече „сериозна грешка“ и „капитулација пред Хамас“.

Неговата партија изјави дека нивниот услов за останување во владата е враќање на борбените операции по завршувањето на првата фаза од договорот, со цел да се уништи Хамас и да се ослободат сите заложници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ