сабота, 27 јули 2024

Израелскиот министер ги испровоцира муслиманите и Евреите: „Ние сме одговорни овде“

Објавено на

часот

Сподели

Бен-Гвир го изјави ова за време на утринската посета на областа која Евреите ја нарекуваат Ридот на храмот и џамијата на Плато на Палестинците, неколку дена откако групи еврејски млади се степаа со Палестинците и извикуваа расистички пароли за време на националистичкиот марш низ Стариот град во Ерусалим.

„Среќен сум што се искачив на Ридот на храмот, најважното место за народот на Израел“, рече Бен-Гвир за време на посетата на местото, што претставува најчувствителна точка на контакт меѓу муслиманите и Евреите во Ерусалим, која е сцена на постојани конфликти.

Тензиите околу Ридот на храмот во 2021 година придонесоа за избувнување на 10-дневна војна со исламистичката група Хамас, која управува со Појасот Газа.

Хамас постојано предупредуваше дека ќе одговори на, како што смета, еврејските упади во локацијата, која, според договорот за деескалација, е под грижа на Јордан.

„Сите закани од Хамас нема да помогнат, ние сме одговорни овде во Ерусалим и во целиот Израел“, изјави Бен-Гвир.

Ридот на храмот е најсветото место за Евреите, каде што библискиот крал Соломон го изградил првиот храм пред 3.000 години и каде што вториот храм бил уништен од Римјаните.

Денес тоа е исто така трето најсвето место во исламот и ја содржи џамијата Ал Акса со златна купола, за која муслиманите веруваат дека е местото каде што пророкот Мухамед се вознесе на небото.

Според договорот, немуслиманите можат да го посетат местото во центарот на Стариот град, но не ѝм е дозволено да се молат. Меѓутоа, еврејските посетители сè повеќе ја игнорираат оваа забрана.

Палестинците, пак, сметаат дека е провокација и стравуваат дека Израел има намера да ја преземе контролата над светилиштето.

Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека „упадот на Бен-Гвир во дворот на џамијата Ал Акса, рано наутро, како крадец, нема да ја промени реалноста и нема да наметне израелски суверенитет над неа“.

Портпаролот на Хамас рече дека Израел ќе ги сноси последиците за „дивјачкиот напад“ на Бен-Гвир врз џамијата и ги повика Палестинците да го зголемат бројот на нивните посети и „да стојат како бедем против сите обиди да се сквернави и да се направи еврејска“.

Израел го зазеде Стариот град на Ерусалим, кој ги вклучува Ал Акса и околниот Западен ѕид, свето место за еврејската молитва, за време на војната во 1967 година.

Израел оттогаш го анектира Источен Ерусалим, кој меѓународната заедница не го признава, и го смета целиот град за вечен и неподелен главен град. Палестинците, од друга страна, сакаат Источен Ерусалим да биде главен град на нивната идна држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ