понеделник, 16 септември 2024

Израелски војници убиле Американка на Западниот брег, Белата куќа бара истрага

Израелски војници денес убиле Американка која учествувала во протест против израелското доселување на Западниот брег, изјавил демонстрант кој присуствувал на пукањето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на американското министерство за надворешни работи Метју Милер ја потврди смртта на 26-годишната девојка, но не кажа дали ја убиле израелски војници.

Тој изјави дека Соединетите Американски Држави собираат повеќе информации за околностите на нејзината смрт и дека ќе има „повеќе за кажување“.

Организацијата во која убиената девојка волонтирала, Меѓународното движење на солидарност, соопшти дека нејзиното семејство бара таа да не се идентификува.

Израелската војска соопшти дека ги истражува извештаите дека војници убиле странска државјанка додека пукале во „поттикнувач на насилни активности“ во зоната на протести.

„Се обидовме да ја спасиме застреланата американска државјанка, се обидувавме да ѝ го оживееме срцето во неколку фази, но за жал не успеавме да ѝ го вратиме срцето во функција“, изјавиле лекарите кои дошле на лице место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ