среда, 23 октомври 2024

Израелски воени авиони го пробија звучниот ѕид над Бејрут пред говорот на шефот на Хезболах

Лидерот на Хезболах изјави дека одмаздата за израелското убиство на високиот командант на Хезболах допрва доаѓа. За време на телевизискиот говор по повод недела дена од смртта на Фуад Шукр, Хасан Насралах објави дека одмаздата ќе биде „силна“ и „ефикасна“ и дека атентатот не може да се третира како обичен напад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека Хезболах може да дејствува сам, но и во координација со другите групи поддржани од Иран во регионот. Земјите ширум светот ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан во последните денови поради загриженоста дека евентуален напад на Хезболах врз Израел може да доведе до поширока војна меѓу двете страни.

Иран, исто така, вети одмазда по убиството на шефот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран минатата недела. И Хамас и Иран го обвинуваат Израел за атентатот.

Вчера попладне, израелски воени авиони во низок лет го пробија звучниот ѕид над Бејрут, неколку минути пред Насрала да го започне својот говор.

Насрала, кој зборуваше повеќе од час и половина, предупреди дека пробивањето на звучната бариера има за цел да ги испровоцира оние кои се собрале да слушаат.

Претходно вчера Израел објави дека извршил воздушен напад врз „воена структура“ што ја користи Хезболах во јужен Либан.

Четири лица загинаа во напад на куќа во градот Мајфадун, на околу 30 километри од границата со Израел, соопшти либанското Министерство за здравство. Безбедносни извори потврдија за АФП дека убиените мажи биле членови на Хезболах.

Милитантната група одговори со напади со беспилотни летала на градови во северен Израел, при што беа ранети две лица.

Американскиот претседател Џо Бајден се состана со својот висок тим за национална безбедност во понеделникот додека расте загриженоста за одмазднички напад врз Израел. Бајден рече дека бил информиран за подготовките за поддршка на Израел доколку биде нападнат, додека државниот секретар Антони Блинкен рече дека официјалните лица работат „деноноќно“ за да спречат ескалација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ