вторник, 7 јануари 2025

Израелски власти: Не сме информирани за судбината на заложниците кои ги држи Хамас

Израелските власти денеска соопштија дека Хамас не ги информирал за судбината на 34-те заложници кои се држат во Појасот Газа, а кои палестинското движење соопшти дека е подготвено да ги ослободи во текот на првата фаза од можниот договор.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Израел сè уште не добил потврда или одговор од Хамас во врска со условите во кои се држат заложниците“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Неименуван функционер на Хамас изјави за Франс прес во неделата дека движењето „се согласило да ослободи 34 израелски затвореници, од списокот што го обезбеди Израел, во првата фаза од договорот за размена на затвореници“.

Индиректните разговори меѓу Хамас и Израел продолжија минатиот викенд во Катар со цел да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците заробени во Газа по нападот на палестинското движење на израелска територија на 7 октомври 2023 година.

И покрај интензивните дипломатски напори предводени од Катар, Египет и САД, не е постигнато примирје од еднонеделниот прекин на огнот кон крајот на ноември 2023 година, што доведе до ослободување на 105 заложници во замена за 240 палестински затвореници кои ги држеше Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ