сабота, 27 јули 2024

Израелски тенк случајно го погодил Египет, ранети египетски граничари

Тенк на израелските одбранбени сили (ИДФ) случајно погодил египетска позиција во близина на границата, кажа портпарол на израелската војска.

Објавено на

часот

Сподели

Позицијата се наоѓа во областа Керем Шалом, кажа портпаролот Даниел Хагари.

Кај Керем Шалом има граничен премин, но од описот на ИДФ не е јасно каде точно погодил тенковскиот проектил.

„Инцидентот се истражува, а деталите се обработуваат. ИДФ жали за инцидентот“, кажа Хагари.

Се огласи и портпаролот на египетската војска, кој потврди дека граничари добиле лесни повреди откако ги погодиле фрагменти од гранатата испукана од израелскиот тенк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ