сабота, 27 јули 2024

Израелски напад на повеќекатна станбена зграда во Рафа 

Израелските сили денеска погодија една од највисоките станбени згради во Рафа, на југот на Појасот Газа, потврдија жителите на градот и изразија страв дека тоа е предвесник на претстојната израелска инвазија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ројтерс пренесува дека жителите на Рафа стравуваат дека Израел го засилува притисокот врз последната област на Појасот Газа каде што не е извршена инвазија, и каде што се засолнети повеќе од милион раселени Палестинци.

Повеќе од десетина семејства кои живеат во 12-катната зграда, која е на околу 500 метри од границата со Египет, останаа без покрив над главата, иако нема пријавени жртви.

Израелската војска не одговори на барањата за коментар за нападот на станбената зграда во Рафа, но еден од 300-те жители на зградата му рекол на новинарот на Ројтерс дека само 30 минути пред нападот, Израел емитувал предупредување до жителите да го евакуираат објектот среде ноќ.

„Луѓето трчаа по скалите, некои паѓаа, беше хаос. Зад себе ги оставија своите работи и пари“, изјавил соговорникот на британскиот репортер и додал дека при панична евакуација паднала бремената сопруга на неговиот сосед и пријател.

Официјален претставник на Рафа, член на Фата, владејачката партија во ограничената палестинска самоуправа во окупираната енклава на Западниот Брег, изрази стравување дека израелскиот напад на кулата во Рафа е знак дека Израел планира да го нападне и тој град.

Во соопштението на палестинското Министерство за здравство, се потсетува дека пет месеци по немилосрдниот израелски воздушен и копнен напад врз Појасот Газа, загинаа речиси 31.000 Палестинци, над 72.500 се ранети, а илјадници останаа заробени под урнатините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ