среда, 23 октомври 2024

Израелски министри отфрлаат формирање палестинска државност по војната

Министри во владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрлија денес формирањето палестинска државност по извештајот на Вашингтон пост дека главниот сојузник на Израел, Соединетите Американски Држави, работат на планови за формирање палестинска држава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„На никој начин нема да се согласиме на овој план, кој вели дека Палестинците заслужуваат награда за ужасниот масакр кој го извршија над нас: палестинска држава со Ерусалим како главен град“, кажа министерот за финансии Безалел Смотрич, пренесува Ројтерс.

Тој истакна дека палестинската држава претставува егзистенцијална закана за државата Израел што беше, како што кажа, докажано на 7 октомври и додаде дека ќе бара владата да заземе јасен став против палестинската државност.

Вашингтон пост објави денес дека САД работат со одделни арапски земји, вклучувајќи ги Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија, со кои Израел подолго се обидува да воспостави дипломатски односи, на повоен план за регионот кој би вклучувал цврста временска рамка за формирање палестинска држава.

Палестинското министерство за надворешни работи соопшти дека секоја политичка иницијатива која не започнува со палестинска држава како полноправна членка на Обединетите нации е „осудена на неуспех“.

Исиот став го повторија и министерот за национална безбедност Итимар Бен Гвир, министерот за дијаспора Амхај Шикли, министерот за образование Јоав Киш и пратеникот Матан Кахана, член на Партијата на национално единство, предводена од главниот ровал на премиерот Нетанјаху Бени Ганц.

„Ова е катастрофа, да се наградат Палестинците по 7 октомври со воспоставување држава“, кажа Шикли од паријата на Нетанјаху Ликуд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ