сабота, 27 јули 2024

Израелски министер за одбрана: Започна целосна опсада на Газа (ВИДЕО)

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во официјална изјава рече дека Израел започна „целосна опсада“ на Газа.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја опколивме Газа. Нема струја, нема храна, нема вода, нема гориво“, рече тој, пренесе Гардијан.

Израелските војници и тенкови се обидуваат да ги потиснат милитантите на Хамас во Газа.

Потполковник Ричард Хехт вели дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) „повеќе или помалку стекнале контрола врз заедниците“ во близина на границата. Но, сликите покажуваат дека сѐ уште се истрелуваат ракети од Појасот Газа кон израелска територија.

Хехт, претходно изјави дека нападите на Хамас се „Израелски 11 септември“, испраќајќи жестоко предупредување до терористичката група дека ИДФ ќе одговори „многу жестоко“.

По невидениот напад на Хамас врз Израел, во кој загинаа стотици цивили, израелските власти на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху најавија голема одмаздничка операција насочена кон Газа. По таа операција, рече Нетанјаху, Хамас повеќе нема да го контролира Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ