среда, 23 октомври 2024

Израелски министер: Морално е да изгладнуваме милиони во Газа, но светот не ни дозволува

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич кажа дека би било морално да се изгладнуваат 2 милиони жители на Газа додека не се вратат израелските заложници, но дека никој во светот тоа не би им го дозволил. Крајно десничарскиот министер вчера на прес-конференција во Јад Бинјамин кажа дека Израел би требало да ја преземе контролата над дистрибуцијата на помошта во Газа и тврдеше дека Хамас ги контролира дистрибуциските канали во областа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Невозможно е во денешната глобална реалност да се води војна – никој во светот не би ни дозволил да изгладниме два милиони луѓе, иако е тоа можеби праведно и морално сè додека не ни ги вратат заложниците“, кажа Смотрич, додавајќи дека војната досега би завршила доколку Израел ја контролира дистрибуцијата на помошта наместо Хамас.

„Не можете со една рака да се борите против Хамас, а со другата да им пружате помош. Тоа се пари за Хамас, тоа е нивното гориво, тоа е неговата цивилна контрола на Појасот Газа. Тоа едноставно не функционира“, додаде тој.

Израел има контрола над помошта која стигнува во Газа, додека хуманитарните организации се задолжени за нејзината дистрибуција. Хуманитарните групи и меѓународните организации засилено го критикуваат Израел поради ограничувањето на помошта во Газа.

Обединетите нации истакнуваат дека гладот се проширил низ целата енклава. Експертите го обвинуваат Израел дека намерно спроведува кампања на изгладнување, која ја оценија како „геноцидно насилство“.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд побара налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант. Една од причините е користење на изгладнувањето како оружје.

Нетанјаху ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги дека се куп лаги. „Ако Палестинците во Газа не добиваат доволно храна, тоа не е затоа што Израел ја блокира, туку затоа што Хамас ја краде“, кажа тој.

Смотрич оцени дека во следните години и месеци на Газа ќе ѝ  биде потребна минимална помош.

„Никој не зборува за израелско воено владеење над Газа. Нема потреба за поправање на одводите, нема потреба за образование, нема потреба за социјална помош. Газа во следните две години ќе биде воена зона. Потребни се храна, некои лекови и минимални санитарни услови – вода, канализација. Тоа е тоа“, оцени израелскиот министер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ