сабота, 27 јули 2024

Израелски министер им се закани на Иран и Либан

Министерот за економија на Израел, Нир Баркат, упати закана до Иран и Либан, велејќи дека неговата земја ќе ги избрише од лицето на Земјата доколку Хезболах отвори северен фронт во војната против Хамас.

Објавено на

часот

Сподели

Планот на Иран е да го нападне Израел на сите фронтови. „Ќе се погрижиме да платат висока цена доколку, не дај Боже, го отворат северниот фронт. Либан и Хезболах ќе платат висока цена, слична на онаа што ќе ја плати Хамас. Но, тоа не е доволно“, изјави тој.

„Многу е јасна пораката дека ќе тргнеме по лидерите на Иран. Кога ќе го направиме тоа? Кога ќе одлучиме“, рече тој.

„Израел има многу јасна порака до нашите непријатели. Ние им кажуваме, погледнете што се случува во Газа, ќе го добиете истиот третман ако нѐ нападнете. Ќе ве избришеме од лицето на Земјата“, додаде тој на крајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ