Израелската државна телевизија КАН јавува дека Нетанјаху и Галант одлуката ја донеле по консултации со ресорните министри. Планот за одмазда допрва треба да му биде претставен на израелскиот воен кабинет, кој би требало службено да го потврди.
Галант неодамна кажа дека „наскоро ќе му одговорат“ на Иран на ракетниот напад и дека израелскиот одговор ќе биде „дефинитивен и смртоносен“, Иран на 1 октомври го изврши досега најголемиот воен напад на Израел.
Иранците лансираа стотици балистички проектили на Израел, а дел од нив беа урнати со помош на американските сили во регионот. Израел најави одговор на нападот.