Како што се тврди, високи израелски функционери почнале да водат разговори за тоа прашање по падот на поранешниот претседател Башар ал Асад минатиот месец, а министерот за енергетика Ели Коен предложил одржување меѓународен самит на кој би се одлучувало за тоа. Функционерите наводно разговарале за поделба на Сирија на состанок пред два дена, на кој присуствувале израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац.
Израел хајом наведува дека функционерите изразиле загриженост поради турското влијание во Сирија и разговарале за сомнежите во врска со новиот сириски лидер Ахмед ал Шар.
Тајмс оф Израел наведува, повикувајќи се на извештајот на дневниот весник, дека Израел има цел да се одржи меѓународен самит за Сирија за да се одбрани од заканата од џихадистичките групи кои го предводеа бунтот против претходната власт, а кои се сега на власт, и кои не се посветени на повеќедеценискиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Сирија.
Новата сириска влада во повеќе наврати ја истакна посветеноста на правата на сите етнички малцинства во земјата, како и важноста на зачувувањето на територијалниот интегритет на Сирија по 13 години граѓанска војна.