сабота, 27 јули 2024

Израелски историчар и експерт за воени злосторства: Ако се изгласа резолуцијата за Сребреница, ќе се отвори Пандорина кутија

Израелскиот историчар и експерт за холокаустот и воени злосторства Гидеон Грајф смета дека изгласувањето на резолуцијата за Сребреница би бил опасен преседан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Отворањето на вратата за резолуции од ваква природа дури претставува опасен преседан кој навистина може да доведе до пролиферација на слични резолуции насочени на разни конфликти низ светот. Ова би можело дополнително да ги исполитизира историските трагедии и да ги попречи напорите кон вистинско помирување и разбирање“, истакна Грајф кој беше претседател на Независната комисија за истражување на страдањата на сите народи во регионот на Сребреница во периодот од 1992 до 1995 година.

На прашањето во колкава мера заткулисните игри и притисоците врз малите држави ќе влијаат на исходот на гласањето за резолуцијата во Генералното собрание на Обединетите нации, Грајф вели:

„Навистина е загрижувачко тоа што заткулисните игри и притисоците врз одредени членки на ОН можат да влијаат врз процесот на донесување на одлуки и гласањето во Генералното собрание. Таквото непримерно влијание го поткопува интегритетот на процесот на одлучување и ја загрозува објективноста на конечниот исход. Затоа од суштинско значење е одлуките на ова мнозинство да се донесуваат врз основа на фактички докази, темелни анализи и разгледување на пошироките импликации на регионалната стабилност и меѓународните односи. Секој обид да се изврши непримерен притисок или да се манипулира со процесот на донесување одлуки го поткопува принципот на транспарентност, правичност и почитување на правото на суверените нации да носат независни пресуди“.

На прашањето дали оваа резолуција би можела да отвори Пандорина кутија на слични обвинувања во други делови на светот, тој вели дека апсолутно се плаши од тоа.

„Апсолутно. Како некој длабоко посветен на спречување злосторства и промовирање мир, навистина сум загрижен од потенцијалните последици на оваа резолуција на глобалната стабилност и унапредувањето на помирувањето и разбирањето меѓу народите. Постои вистинска загриженост дека усвојувањето таква резолуција навистина би можело да отвори Пандорина кутија на слични обвинувања и во други делови од светот. Означувањето цела етничка група како геноцидна врз основа на спорни историски настани поставува опасен преседан кој потенцијално може да биде искористен во политички цели во различни конфликти низ светот. Со воспоставување преседан во кој цели нации се клеветат и се означуваат како геноцидни, ризикуваме понатамошно политизирање на историските трагедии и зачувување на поделбите и непријателствата. Ова може да ги поткопа напорите кон помирување и изградба на мир не само во регионот на Балканот, туку и во други региони кои се борат со наследството од минати конфликти. Таквите резолуции имаат потенција и да ги влошат постоечките тензии и да поттикнат нови конфликти, што на крајот води кон ново човечко патење и загуби. Императив е кон прашањата за историска одговорност да пристапуваме внимателно, објективно и посветени на вистината и правдата, а не да посегнуваме кон поедноставени приказни кои предизвикуваат поделби“, заклучи Грајф.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ