сабота, 27 јули 2024

Израелски функционер ја обвини американската влада дека има намера да го собори Нетанјаху

Неименуван израелски функционер ја обвини американската влада за заговор за соборување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во одговор на американскиот разузнавачки извештај во кој се предупредува дека владата на Израел може да биде во опасност поради критиките за нејзината војна против Хамас во Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Оние кои го избраа премиерот на Израел се граѓаните на Израел и никој друг“, се вели во соопштението на функционерот објавено синоќа.

„Израел не е протекторат на САД, туку независна и демократска земја чии граѓани се тие кои ја избираат владата. Очекуваме нашите пријатели да дејствуваат за да се собори терористичкиот режим на Хамас, а не избраната влада во Израел“, се додава во соопштението.

Во проценката за Израел се наведува дека „недовербата во способноста на Нетанјаху да владее беше продлабочена и проширена кај јавноста уште пред војната“, се очекуваат „големи протести во кои се бара негова оставка и нови избори“ и се оценува дека можност е поинаква, поумерена влада.

Израелската телевизија Канал 12 објави дека на тоа одговорил „највисокиот израелски политички извор што може да се замисли“, навестувајќи дека тоа е самиот Нетанјаху, додавајќи дека премиерот бил многу гневен на американскиот извештај.

Нетанјаху одлучи да започне „силна, јавна и драматична конфронтација со американскиот претседател“, објави Канал 12.

Во разузнавачкиот извештај исто така се забележува дека Хамас се чини дека ќе претставува предизвик за Израел во следните години и покрај напорите да се уништи таа екстремистичка организација по смртоносните напади на 7 октомври.

„Израел најверојатно ќе се соочи со долготраен вооружен отпор од Хамас во наредните години, а војската ќе се бори да ја неутрализира подземната инфраструктура на Хамас што им овозможува на бунтовниците да се скријат, да ја повратат силата и да ги изненадат израелските сили“, се вели во извештајот, додавајќи дека израелската јавност во голема мера го поддржува уништувањето на таа организација, која Израел ја смета за терористичка.

Во вторникот, во видео интервју со делегатите на американско-израелскиот комитет за односи со јавноста (АИПК) собрани во Вашингтон, Нетанјаху рече дека длабоко ја цени поддршката на американскиот претседател Џозеф Бајден и изрази надеж дека таа ќе продолжи.

„Но, дозволете ми да бидам јасен. Израел ќе победи во оваа војна без разлика на сè“, рече израелскиот лидер, додавајќи дека Израел мора да ги уништи преостанатите баталјони на Хамас во Рафа.

Осврнувајќи се на сојузниците на Израел кои изразија загриженост поради големиот број цивилни жртви во најавената голема израелска воена офанзива во тој густо населен град во јужна Газа, Нетанјаху рече дека не може да се поддржува правото на Израел да постои и да се брани, а потоа да му се спротивставува кога тоа право го остварува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ