сабота, 27 јули 2024

Израелски дрон соборен на територијата на Либан

Израелско беспилотно летало се урна во Либан откако беше погодено со проектил, соопшти израелската војска, додека либанското движење Хезболах тврди дека го соборило.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ракета земја-воздух беше лансирана кон беспилотно летало на израелското воено воздухопловство кое оперира во либанскиот воздушен простор“, соопшти војската, додавајќи дека дронот бил погоден и паднал на либанска територија.

Хезболах, од своја страна, објави дека соборил израелско беспилотно летало Хермес 450 кое летало над јужниот дел на Либан, во регионот Ал Аишиа.

Проиранската исламистичка група прецизираше дека го соборила дронот „во знак на поддршка на палестинскиот народ“.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, секојдневно има размена на оган меѓу израелската војска и Хезболах, кој тврди дека така го поддржува палестинското исламистичко движење.

Проиранскиот Хезболах, кој има арсенал ракети и прецизни проектили, гаѓа израелски воени позиции и локации во близина на границата, а Израел реагира со бомбардирање цели на либанска територија, претежно на југ, вклучително и конкретни напади врз претставници на Хезболах и Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ