сабота, 27 јули 2024

Израелската војска: Уште четворица заложници кои ги грабнал Хамас починале во заробеништво

Израелската војска соопшти денес дека уште четворица израелски заложници кои Хамас ги грабнал на 7 октомври починале во заробеништво, а дека нивните тела ги држи исламистичката група, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Војската ги идентификуваше четворицата мажи како Хаим Пери, Јорам Мецгер, Амирам Купер и Надав Поплвел, кои се сите живи на снимките кои ги објавуваше Хамас.

Портпаролот на израелската војска контраадмиралот Даниел Хагари кажа дека нови разузнавачки податоци довеле до потврда на нивната смрт.

Хамас минатиот месец објави снимка од Полвел и кажа дека им подлегнал на повредите добиени за време на израелски воздушен напад.

„Проценуваме дека четворицата се заедно убиени во областа Кан Јунис (град на југот на Газа) пред неколку месеци додека ги држеле терористите на Хамас, во време кога силите на ИДФ дејствуваа во Кан Јунис“, кажа Хагари.

„Детално ги истражуваме околностите на нивната смрт и ги проверуваме сите можности. Наскоро ќе ги откриеме, прво на нивните семејства, а потоа и на јавноста. Ќе ги претставиме транспарентно, како до сега“, кажа тој.

Од над 250 лица грабнати на 7 октомври, околу 120 останале во Газа, според израелските податоци.

Израелските сили многумина прогласија за мртви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ