сабота, 27 јули 2024

Израелската војска тврди дека го убила командантот на воздушните операции на Хамас

Израелските воздухопловни сили убија висок воен функционер на палестинскиот исламистички Хамас, соопшти портпаролот на израелската војска.

Објавено на

часот

Сподели

„За време на операцијата на воздухопловните сили во последните 24 часа беа погодени командните бази на терористичката организација Хамас. За време на таа операција, убиен е Мурад Абу Мурад, водачот на воздушните операции на Хамас во Газа, одговорен за голем дел од смртоносната офанзива започната во саботата против Израел“, се вели во соопштението на портпаролот.

Пред една недела Хамас го започна нападот без преседан врз Израел. Во нападот загинаа повеќе од 1.200 лица, по што Израел изврши одмазднички воздушни напади врз Појасот Газа, во кои досега загинаа 1.900 лица, а стотици илјади се раселени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ