Балистички ракети почнаа да летаат во правец на Израел, преку делови од Јордан и Сирија пред нешто повеќе од еден час, а по неколку часа тензии поради предупредувањата дека нападот наскоро ќе почне.
Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари порача дека нема извештаи за жртви по испуканите, според негова проценка, околу 200 балистички ракети од Иран.
Тој додаде дека се чини дека нема повеќе закани од ракети, но дека Израел е спремен.
Кажа и дека Израел го отворил својот воздушен простор, затворен од почетокот на ракетирањето.