четврток, 10 октомври 2024

Израелската војска пукала во мировници на ОН во Либан, има повредени

Израелски војници пукале во две позиции на мировните сили на Обединетите нации денес во Либан и на трета позиција вчера, соопштија силите УНФИЛ. УНФИЛ соопшти дека двајца нивни припадници се повредени во еден од нападите, кога израелски тенк пукал во стражарница во главниот штаб на силите во Накора, погодувајќи ја кулата која се урнала.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во другите два инциденти немал жртви, кажал извор од ОН. „Секој намерен напад на мировните сили е тешко кршење на меѓународното хуманитарно право“, порача УНФИЛ во соопштение, додавајќи дека се бара објаснување од израелската војска.

Во моментов нема коментари од израелската војска, која ја засилува инвазијата во Либан против шиитската паравојска Хезболах поддржана од Иран. Мировните сили УНФИЛ се формирани во 1978 година и се проширени по војната на Израел и Хезболах во 2006.

Најголем број војници во УНФИЛ имаат Франција, Италија, Индонезија, Малезија и Гана. Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето порача дека пукањето во мировните сили е „сосема неприфатливо“ и дека претставува очигледно кршење на меѓународното право.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ