среда, 23 октомври 2024

Израелската војска нареди евакуација во хуманитарна зона во Газа

Израелската војска нареди денес нова евакуација во јужниот и централниот дел на Појасот Газа кои претходно беа означени како хуманитарна безбедносна зона, тврдејќи дека Хамас ги користи тие подрачја како база за лансирање ракети кон Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Текстуални пораки и летоци со предупредување се испратени во областите северно од градот Хан Јунис и во источниот дел од градот Деир ал Балаха, каде десетици илјади луѓе побараа засолниште од борбите во другите делови на Газа.

„Однапред им се издава предупредување на цивилите за да се ублажи штетата на цивилното население и да им се овозможи на цивилите да се оддалечат од зоните на борбите“, се наведува во соопштението на војската.

Војската претходно соопшти дека погодила област во Хан Јунис од каде биле лансирани ракети во четвртокот и дека таму нашле ракети и експлозив.

Најновите предупредувања за евакуација стигнале додека преговарачите во Доха треба да се сретнат на вториот ден на преговорите со цел постигнување договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на израелските и палестинските заложници.

Повеќето од 2,3 милиони жители на Газа постојано се раселуваат од почетокот на израелската војна во Газа.

Дури и во подрачјата кои се означени како хуманитарни безбедносни зони, редовно има извештаи за жртви на израелските напади. Израел го обвинува Хамас за намерно криење борци во овие области, без какви било докази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ