сабота, 21 декември 2024

Израелската војска го соопшти планот на копнената инвазија: „Нема да влегуваме во Бејрут“

Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави денес дека трупите на израелската војска нема да влегуваат во Бејрут или кој било друг поголем град во Либан, како и дека израелската копнена операција во таа земја ќе биде „најкратка што може“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Тајмс оф Израел, Хагари на новинарите им кажа дека израелските трупи „не одат во Бејрут“.

„Не одиме во градовите во јужен Либан. Фокусирани сме на зоната на селата покрај нашата граница. Ќе направиме во таа зона сè што е неопходно за да ја демонтираме и уништиме инфраструктурата на Хезболах“, кажа Хагари.

На прашањето колку долго ќе трае копнената инвазија во Либан, која почна во текот на ноќта, Хагари одговори дека тоа „нема да му го открие на непријателот“.

„Ќе трае најкратко што може, денови, недели. Ќе го направиме тоа што е неопходно, ограничена и локална операција каква што спроведуваме сега“, кажа портпаролот.

Хагари кажа дека копнената операција на ИДФ е преземена за да се овозможи сите 60.000 Израелци да можат „безбедно да се вратат во своите домови во северен Израел“, како и дека за таа цел веќе се спроведени прекугранични интервенции во последните месеци.

„Нашите војници влегоа во подземната инфраструктура на Хезболах“, кажа Хагари, кој додаде дека се откриени тајни складишта за оружје на Хезболах, кои се уништени, „вклучувајќи напредно иранско оружје“.

Портпаролот на ИДФ истакна дека „Хезболах изградил, подготвувал и ја опремувал таа инфраструктура со години, подготвувајќи се за денот кога би можел да упадне во северен Израел“, слично на упадот на Хамас на 7 октомври минатата година, но без да даде каков било доказ за своите тврдења.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ