сабота, 27 јули 2024

Израелската војска гаѓаше Палестинци што чекаа хуманитарна помош во Газа

Израелските сили извршија напад врз Палестинци што чекаа хуманитарна помош во градот Газа, јавува Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Загинаа и се ранети голем број Палестинци.

Очевидци изјавија дека израелските сили нападнале стотици Палестинци што чекале да добијат хуманитарна помош во близина на раскрсницата Наблуси во јужниот дел на градот Газа.

Сведоците рекле дека многу Палестинци биле убиени и повредени во толпата што израелската армија ја бомбардирала и во која пукала.

Според нив, медицински екипи и цивили што случајно се нашле во близина ги пренесувале ранетите во блиските болници.

Сведоците рекле дека израелските војници ги гаѓале и медицинските тимови и цивилите што ги носеле ранетите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ