Воената операција на Израел во Сирија дојде два дена откако бунтовничкиот сојуз брзо го собори претседателот Башар ал Асад и во време кога регионот и светските сили се загрижени за понатамошниот развој на настаните.
Сириски безбедносни извори изјавија дека израелските војници стигнале до Катана во Сирија, 10 километри источно од демилитаризираната зона што ја дели Голанската висорамнина окупирана од Израел од Сирија.
⚡️JUST IN: Intense Israeli airstrikes across Syria.
or👇
1/4#SyrianRebels #SyrianArmy #Iran #Syrian #Syria #SyrianArabArmy #Syrian_army #Assad #Russia #Erdogan #بشار_الأسد #دمشق #سوريا https://t.co/uB17TOYePU pic.twitter.com/lPIjPn41CE— War Analysis (@iiamguri9) December 9, 2024
Израел изјави дека нема да се вклучи во сирискиот конфликт и дека окупацијата на тампон зоната е одбранбен чин. Египет, Катар и Саудиска Арабија го осудија упадот. Саудиска Арабија рече дека овој потег ќе ги „уништи изгледите на Сирија да ја врати безбедноста“.
Регионални безбедносни претставници и официјални лица од распуштената војска на Сирија рекоа дека силните израелски воздушни напади врз воени објекти и воздушни бази низ Сирија продолжија во текот на ноќта, при што се уништени десетици хеликоптери и авиони, како и стратешка опрема на Републиканската гарда во и околу Дамаск.
Heavy #Israel airstrike underway in #Syria against weapons left behind by #SAA . If the weapon captured by #HTS , HTS will use it against #Israel pic.twitter.com/nZKLt6eAuX
— Zeitung (@Himat75) December 8, 2024
По приближно 200 напади, не остана ништо од стратешката опрема на сириската војска, додаваат тие. Израел најави дека воздушните напади ќе траат со денови, но на Советот за безбедност на Обединетите нации му порача дека не интервенира во сирискиот конфликт.
ISRAELI AIRSTRIKES HIT SYRIA:
IAF jets target former Syrian army bases to prevent them from being used by the rebels pic.twitter.com/IfoZy9fEez
— LogKa (@LogKa11) December 8, 2024
Тел Авив соопшти дека презел „ограничени и привремени мерки“ исклучиво за заштита на сопствената безбедност.