сабота, 27 јули 2024

Израелската војска: Болницата беше погодена со ракета на палестинскиот Исламски џихад

Израелските одбранбени сили (ИДФ) велат дека врз основа на „разузнавачките податоци, неуспешната ракета на палестинскиот Исламски џихад (ПИЈ) предизвикала фатална експлозија во болницата во Газа.

Објавено на

часот

Сподели

„Од анализа на оперативните системи на ИДФ, непријателски ракетен оган бил насочен кон Израел, кој поминал во близина на болницата и ја погодил“, се вели во соопштението ИДФ.

„Според разузнавачките податоци, од неколку извори со кои располагаме, палестинската организација Исламски џихад е одговорна за неуспешниот ракетен истрел што ја погоди болницата“, додаде ИДФ.

Според израелските информации, се работи за грешка при лансирање на ракета кон Израел, во која била погодена арапската баптистичка болница Ал Ахли.

Палестинците тврдат дека во болницата загинале најмалку 500 луѓе и дека се работи за израелски напад.

Подоцна советникот на израелскиот премиер Марк Регев за Би-би-си даде повеќе детали за израелскиот став дека болницата во Газа не била уништена од израелски напад, туку од ракета истрелана од Газа.

„Знаеме дека во моментот на оваа трагедија во Газа имаше голем налет на оган врз цели во централниот дел на Израел. Имавме сирена за тревога тука во Тел Авив и отидов да се засолнам“, рече тој.

„Знаеме дека истрелаа ракети во исто време. Хамас објави соопштение дека во тоа време истрелале ракета со долг дострел кон Хаифа“.

„Ниту една ракета всушност не стигна до Хаифа. Каде отиде таа ракета? Каде падна?“, додаде тој.

Хаифа се наоѓа во северен Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ