сабота, 27 јули 2024

Израелската полиција упадна во џамијата Ал Акса, има повредени (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата соопшти дека интервенирала како одговор на претходни немири и дека била приморана да влезе во комплексот откако маскирани екстремисти се заклучиле во џамијата со пиротехнички средства, палки и камења.

„Кога полицијата влезе во објектот, голема група демонстранти на нив фрлаа камења и испукаа пиротехнички средства од внатрешноста на џамијата“, се наведува во соопштението и се додава дека полицаец бил ранет во ногата.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека седум Палестинци добиле повреди од гумени куршуми за време на физичкиот судир со израелската полиција во комплексот на џамијата Ал Акса.

Се додава и дека израелските сили ги спречуваат нивните лекари да дојдат до џамијата.

„Седев на столче и го читав Куранот. Фрлаа шок бомби, една ме погоди во градите“, кажала за Ројтерс жена пред џамијата по интервенцијата на израелската полиција.

Инцидентот предизвика протести низ окупираниот Западен брег, а израелската војска соопшти дека девет ракети се испукани од Газа кон Израел откако сирените за тревога се огласиле во јужните градови.

Во соопштението се прецизира дека најмалку четири ракети се пресретнати, а четири паднале на ненаселени области.

Тензиите во комплексот на џамијата Ал Акса, кој Евреите го нарекуваат Рид на храмот, се проследени со насилство во последните години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ