сабота, 27 јули 2024

Израелската армија ја окупираше палестинската страна на граничниот премин Рафа

Израелската армија утринава потврди дека нејзината 401 оклопна бригада ја зазеде палестинската страна на граничниот премин Рафа кон Египет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелските медиуми јавуваат дека сега е прекината врската на патот Салах ал-Дин во источна Рафа, кој беше освоен од бригадата Гивати во синоќешната офанзива.

Во таа операција, според израелската армија, биле убиени околу 20 вооружени лица, а војниците откриле три отвори за тунели.

Во офанзивата било погодено и уништено возило полно со експлозив што се движело кон израелски тенк, соопшти армијата. Во таа операција нема повредени израелски војници.

Војниците сега ја пребаруваат областа и се вели дека се подготвуваат за дополнителни мисии.

Во меѓувреме, повеќе од 50 цели на Хамас во Рафа биле погодени од израелските воздухопловни сили.

Палестински безбедносни и египетски функционер претходно утринава изјавија дека израелски тенкови влегле во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа и се оддалечени само 200 метри од граничниот премин со соседен Египет и дека воената операција е со ограничен опсег.

Египетски функционер и телевизијата Хамас Ал Акса објавија дека израелските власти најавиле повлекување откако операцијата ќе заврши.

Израелската армија не коментираше.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ