петок, 26 јули 2024

Израелска војска: Продолжуваат жестоките борби во Кан Јунис и во градот Газа

Во поголемите градови на Појасот Газа продолжуваат жестоките борби, соопшти израелската војска, објавувајќи дека „неколку терористи биле убиени во воздушни напади и копнени судири во текот на претходниот ден“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Војската објави дека има интензивни борби во Кан Јунис, најголемиот град на јужната крајбрежна територија, а војниците наводно „убиле голем број терористи со прецизен снајперски оган“ во петокот.

Палестинските медиуми јавуваат дека во петокот вечерта во израелски воздушен напад врз градот Деир ел Балах во Газа загинале најмалку 24 лица.

Палестинската новинска агенција Вафа објави, повикувајќи се на локални извори, дека многумина се повредени и дека спасувачките тимови трагаат по луѓето затрупани под урнатините.

Според здравствените власти, кои се под контрола на Хамас, речиси 30.000 луѓе биле убиени во Појасот Газа, а уште 70.000 биле ранети за време на израелската воена операција.

Меѓународната заедница жестоко го критикуваше Израел за обемот на уништувањето и бројот на цивилни жртви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ