сабота, 27 јули 2024

Израелска војска: Хамас поставува локации за лансирање ракети до училишта, градинки и џамии

Израелската војска објави серија фотографии на кои наводно се прикажани бројни локации за лансирање ракети на Хамас лоцирани во близина на цивилната инфраструктура во Појасот Газа. „Хамас директно им се заканува на народот во Газа, Израелците и меѓународната заедница“, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ), споделувајќи ги фотографиите на социјалната платформа Икс.

Објавено на

часот

Сподели

Според Израелците, црвените рамки на фотографиите ги означуваат местата каде Хамас има стационирано оружје, додека белите рамки покажуваат цивилна инфраструктура, вклучувајќи градинка, зграда на ОН, училишта и џамија. Скај њуз нагласува дека фотографиите не се независно проверени.

Израел постојано ја обвинуваше исламистичката организација Хамас дека го злоупотребува сопственото население како жив штит. Израелската армија пред повеќе од една недела ги повика цивилите на северот на Газа да се движат кон јужниот дел на областа.

Луѓето кои се грижат за безбедноста на своите семејства треба да се упатат кон југ, се вели во тогашното соопштение на израелските вооружени сили. Израел, исто така, користеше летоци за да ги пренесе повиците за евакуација до жителите на Газа. Имаше информации дека Хамас ги спречува цивилите да бегаат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ