Според пишувањата на медиумите, 32-годишниот Јаир Нетанјаху од април е на Флорида, што налутило многу војници. „Јаир ужива во својот живот во Мајами Бич додека јас сум на линијата на фронтот“, цитира Тајмс еден војник, волонтер што служи на израелскиот северен фронт.
„Ние сме тие што ги напуштаат работните места, семејствата, децата, за да ги заштитиме нашите семејства дома и земјата, а не луѓето што се одговорни за оваа ситуација“, рече тој.
❌Israeli Soldiers Blast Benjamin Netanyahu’s Son for “Abandoning Them” as Bibi’s Reservist Boy Decides to Stay in Miami
Israeli reservist soldier Yair Netanyahu, 32, has been in Florida since at least April, after his father told him to stop making inflammatory posts on social… pic.twitter.com/KumWTqX3Mn
— Dēmiurgòs (@DemiurgosCaen) October 24, 2023
„Нашите браќа, нашите татковци, нашите синови, сите одат на фронтот, но Јаир сè уште не е тука. Тоа не помага да се изгради доверба во раководството на земјата“, додаде тој.
Друг резервист, кој од САД се вратил во Израел, оставајќи ги зад себе својата работа и семејството, ја изрази истата загриженост.
„Нема шанси да останам таму и да ја напуштам мојата земја, мојот народ, во овој момент. Каде е синот на премиерот? Зошто не е во Израел? Тоа е моментот што најмногу нѐ обединува нас како Израелци во нашата понова историја и секој од нас треба да биде тука во моментов, вклучително и синот на премиерот“, рече тој.
Јаир, кој го завршил средното образование, задолжителниот воен рок го исполнил во Израел работејќи во единицата за портпароли на ИДФ, наместо да преземе борбена улога. Се преселил во Соединетите Држави по контроверзите за неговата активност на социјалните мрежи, вели Тајмс. Синот на израелскиот премиер предизвика негодување во јавноста откако ги нарече „терористи“ стотиците илјади Израелци што демонстрираа против владините судски реформи и ги обвини Соединетите Држави за финансирање на немирите.