сабота, 27 јули 2024

Израелците синоќа жестоко ја нападнаа Газа: „Го уништивме напредниот систем на Хамас“

Израелските воздухопловни сили (ИДФ) продолжија со нападите во текот на ноќта врз Појасот Газа по оние што ги изврши исламистичката група Хамас во текот на викендот. Десетици воени авиони нападнаа повеќе од 200 цели во областа Ал Фуркан, соопштија рано утринава ИДФ.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е трет пат во последните 24 часа да се извршат големи напади во Појасот Газа, а вкупно беа погодени повеќе од 450 цели. Израелската војска соопшти дека Хамас го користи Ал Фуркан, во северниот дел на Појасот Газа, како терористички центар.

Израел смета дека областа е база за бројни терористички напади кои се извршени против Израел. Војската исто така објави дека борбените авиони во текот на ноќта ги уништиле „напредните системи за откривање“ на Хамас што се користат за откривање воени авиони.

Во бомбардирањето беа погодени и магацинот за оружје и командниот центар на Исламски џихад, додаде армијата.

Бројот на луѓе убиени во Израел во нападите на Хамас што почнаа во саботата сега се искачи на најмалку 1.200, изјави портпаролот на ИДФ Џонатан Конрикус во најновите информации за ситуацијата рано утринава. „Огромно мнозинство“ од убиените се цивили, рече Конрикус, опишувајќи ја бројката како „неверојатна“ и „незамислива“.

Повредени се повеќе од 2.700 луѓе. „За жал, нешто ми кажува дека овие бројки не се конечни“, додаде портпаролот. Според Министерството за здравство на Газа, до вторник навечер најмалку 900 луѓе загинале во Појасот Газа како резултат на контранападите на ИДФ, а 4.500 биле ранети.

Претставник на Хамас во средата изјави дека најмалку 30 луѓе биле убиени во израелските напади во текот на ноќта, а неколку стотици биле ранети. ОН објавија дека повеќе од 260.000 луѓе во Газа се внатрешно раселени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ