среда, 2 октомври 2024

Израелците објавија снимка од почетокот на копнената инвазија (ВИДЕО)

Како што јавува Би-би-си, видеото што израелската армија го објави пред малку потврдува дека дел од израелските сили дејствувале во Либан уште пред да почне копнената офанзива синоќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На видеото се гледа како командантот на елитната единица Егоз, која првично е формирана за борба против Хезболах, им се обраќа на своите војници во текот на ноќта. Говорејќи на хебрејски, тој вели дека армијата досега спроведувала „операции во сенка“ во Либан и дека сега почнуваат копнени маневри.

Се чини дека тоа е прва потврда за нешто што беше нашироко објавено во последните денови – дека мал број израелски војници веќе спроведувале операции во Либан пред да почне копнената инвазија.

„По операцијата во Газа, каде што војниците од 98-та дивизија стекнаа вештини и оперативно искуство, тие се префрлија на север и сега спроведуваат ограничени, локализирани, насочени операции, кои започнаа синоќа“, вели војската во прилог на снимката.

„Ќе продолжиме да се бориме за да ги постигнеме сите цели на војната, вклучително и разбивање на Хамас, враќање на нашите заложници дома и враќање на безбедноста во северен Израел.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ