Министерот изјави и дека и на неговата адреса стигнала една од тие пораки, а постапката ја нарече дел од „психолошката војна која ја води Израел“.
Макари истакна и дека овој метод на испраќање предупредувања преку телефон не е необична за Израел, а слични пораки претходно Израелците им испраќаа на жителите на Газа.
Жителите на јужен Либан примале утринава текстуални и гласовни пораки со предупредување да не се приближуваат до „станбените згради кои Хезболах ги користи за криење оружје“.
Израелската војска утринава извршила околу 150 напади на цели на Хезболах во Либан. Либанскиот премиер Наџиб Микати го осуди „планот за уништување“ кој го спроведува Израел.