вторник, 1 октомври 2024

Израелците го нападнаа главниот град на Сирија, тројца загинати

Тројца цивили загинаа, а девет се ранети во израелски напад врз главниот град Дамаск, објавија рано утринава државните медиуми повикувајќи се на воени извори.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Државните медиуми објавија дека во сириската престолнина се слушнале експлозии и дека противвоздушната одбрана пресретнала „непријателски цели“ над областа Дамаск „три пати по ред во една ноќ“.

Израелскиот напад предизвика и значителна штета на приватен имот, додаваат тие.

Сириската државна телевизија претходно објави дека нивната водителка Сафаа Ахмад загинала во израелски напад, а како што пишува Ројтерс, засега не е јасно дали водителката е меѓу тројцата цивили кои ги споменуваат државните медиуми.

На прашањето на Ројтерс за нападот, израелската војска рече дека не ги коментира извештаите на странски медиуми.

Израел со години извршува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, но таквите напади ги засили по минатогодишниот напад на Хамас на израелска територија, потсетува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ