Либанските државни медиуми известија дека два напади биле извршени на јужните предградија на Бејрут, а над тој дел од градот можел да се види чад. Веста беше објавена откако израелската војска издала нови наредби за цивилите во главниот град на Либан да напуштат одредени згради.
Во меѓувреме, јеменските Хути потврдија дека претходно денес испукале два проектили кон централен Израел. Израелската војска соопшти дека пресретнала проектил од Јемен кој ги активирал сирените за воздушна тревога во централен Израел. Хутите, бунтовничка група поддржана од Техеран, соопштија дека лансирале и неколку дронови на пристанишните градови Џафа и Елијат.
דובר צה”ל: בהמשך להתרעות שהופעלו במרכז הארץ, זוהו מספר שיגורים שחצו משטח לבנון, הפרטים בבדיקה @N12News pic.twitter.com/MxRqMaQy2U
— אור רביד | Or Ravid (@OrRavid) October 7, 2024
Хезболах објави соопштение во кое тврди дека гаѓале база на израелската воена разузнавачка служба во близина на Тел Авив. Паравоената група поддржана од Иран кажа дека испукала „салва ракети на базата Глилот на воено разузнавачката единица 8200 во предградие на Тел Авив“.
Сирените за воздушна тревога се огласиле, а израелската војска кажа дека биле идентификувани пет испукани проектили кои од Либан преминале на израелска територија.