четврток, 24 октомври 2024

Израелци пукале во Палестинци кои чекале хуманитарна помош, убиени повеќе од 100 луѓе (ВИДЕО)

Најмалку 104 луѓе се убиени, а 760 се повредени откако израелски војници отвориле оган додека гладни палестински цивили се собирале околу камион за храна, соопшти палестинското министерство за здравство во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Цивилите се собирале околу пристигнатите камиони со хуманитарна помош во надеж дека ќе добијат храна, кога израелски тенкови и дронови почнале да пукаат во луѓето во западниот дел на Газа. Набрзо настанал хаос, а Палестинците соопштија дека е извршен масакр.

Израелски функционер кажал за Си-ен-ен дека трупите на израелската војска (ИДФ) пукале во луѓето кои се собрале околу камиони бидејќи „толпата се приближувала до војниците на начин кој претставувал закана, тие на заканата одговориле со оган. Инцидентот се проверува“.

Камионите со хуманитарна помош се обиделе да избегаат од подрачјето, удирајќи се едни во други и газејќи преку луѓето, додале очевидци за Си-ен-ен.

Се очекува бројот на загинатите и повредените да расте бидејќи многу тела и луѓе се сè уште на улиците, а брзата помош стигнува има тешкотии да стигне до повредените поради урнатините.

Висок член на Хамас Изат ал Ришек порача дека убиството на цивилите кои чекале помош во Газа може да предизвика неуспех во преговорите за ослободување на заложниците и прекин на огнот.

„Преговорите не се отворен процес. Нема да дозволиме патот до преговорите да стане параван за континуирани злосторства против нашиот народ во Појасот Газа“, порача тој на Телеграм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ