среда, 12 јуни 2024

Израел: Војната во Газа ќе продолжи најмалку до крајот на оваа година

Израел денеска испрати тенкови во Рафа и објави дека верува дека војната во Појасот Газа ќе продолжи во текот на целата година.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израелски тенкови вчера за првпат влегоа во центарот на Рафа и покрај одлуката на Меѓународниот суд на правдата да ги прекине операциите во тој град каде засолниште нашле многу Палестинци кои побегнале од другите делови на Појасот.

Жителите на Рафа рекоа дека тенковите упаднале во Тел ал-Султан на западниот дел на градот и во Џибна и Шабур во близина на центарот, пред да се повлечат кон границата со Египет, во тампон зоната.

Израел објави дека неговата армија контролира три четвртини од тампон зоната и планира да воспостави контрола врз целата област за да го спречи Хамас на тој начин да шверцува оружје.

Палестинскиот министер за здравство Маџед Абу Рамадан изјави дека нема индикации дека граничниот премин Рафа наскоро повторно ќе биде отворен за хуманитарна помош.

Цачи Ханегби, советникот за национална безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска изјави дека војната во Газа ќе продолжи најмалку до 2024 година, сигнализирајќи дека Израел не е подготвен за крај на конфликтот, кој Хамас го бара како дел од договорот со кој би се ослободиле израелските заложници во замена за палестинските затвореници.

„Борбите во Рафа не се бесмислена војна“, рече тој, повторувајќи ги тврдењата дека крајната цел е да се елиминира владеењето на Хамас во енклавата и да се запрат нападите врз Израел.

Соединетите Американски Држави, најблискиот сојузник на Израел, вчера повторија дека се против копнената операција во Рафа, но дека не веруваат дека таква операција е во тек.

Речиси милион Палестинци кои претходно најдоа засолниште во Рафа, сега го напуштија градот откако Израел издаде предупредување за евакуација, соопшти во вторникот Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите нации (УНРВА).

Глад ​​се шири низ енклавата бидејќи испораката на хуманитарна помош е забавена. Организациите го обвинуваат Израел дека ја блокира дистрибуцијата, Израел ги обвинува нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ