Израелските авиони прво го нападнале јужниот дел од градот и долината Бека, но висок функционер на израелската разузнавачка служба изјавил дека се гаѓани мети „низ цел Либан“. Еден од нападите бил извршен во непосредна близина на меѓународниот аеродром Рафик ал Хариири.
Israel is literally wiping out apartment buildings in Beirut tonight.
Let that sink in—residential buildings full of Lebanese families.
In what universe is this considered “self-defense”? pic.twitter.com/KpTN3AO1d7
— sarah (@sahouraxo) October 20, 2024
Објавени се снимки кои прикажуваат уривање на станбена зграда која ја урнале Израелците. Зградата била прогласена за мета само неколку часа претходно. Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари им порача на цивилите: „Секој кој ќе биде во близина на местата кои се користат за финансирање на активностите на Хезболах мора веднаш да се одалечи“.
Синоќешниот напад следел откако Израел вчера објави дека ја нападнале разузнавачката служба во Бејрут. „Израелските воздухопловни сили извршија напад на командниот центар на разузнавачкиот штаб на Хезболах и подземна фабрика за оружје во Бејрут“, се наведува.
Како одговор од Либан на северот на Израел вчера биле лансирани над 160 ракети.