петок, 20 септември 2024

Израел уништи неколку стотици ракетни фрлачи на Хезболах во јужен Либан

Израелски воени авиони синоќа гаѓаа цели на Хезболах во јужен Либан, погодувајќи неколку стотици ракетни фрлачи кои носеле околу 1.000 цевки за лансирање, соопшти војската.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел го гаѓаше јужниот дел на Либан со десетици проектили, изјавија три либански безбедносни извори, пренесува Ројтерс.

Засега нема извештаи за жртви.

„Израелската војска (ИДФ) ќе продолжи да дејствува за да ја деградира инфраструктурата и капацитетите на терористичката организација Хезболах со цел да ја одбрани државата Израел“, се вели во соопштението на ИДФ.

Нападот на Израел уследи по нападот претходно оваа недела, припишан на Израел од страна на Либан и Хезболах, кога експлодираа воки-токи и пејџери што ги користеа борци на Хезболах, при што загинаа 37 луѓе, а беа ранети околу 3.000 лица во Либан.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан изјави дека Израел ќе продолжи со воената акција против Хезболах.

Хезболах, како поддршка на Хамас по почетокот на конфликтот во Појасот Газа на 7 октомври минатата година, почна да лансира ракети кон северен Израел.

Израел и Хезболах оттогаш секојдневно разменуваат оган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ