сабота, 27 јули 2024

Израел срамни со земја бегалски камп во Газа

Израелските сили денеска се пробија подлабоко во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, изјавија локалните жители, додавајќи дека во израелските воздушни напади загинале најмалку пет лица во јужниот град Рафа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Симултаните израелски напади на северниот и јужниот раб на Појасот Газа овој месец предизвикаа нов егзодус на стотици илјади жители во енклавата и значително ја намалија испораката на хуманитарна помош, а со тоа го зголемија ризикот од глад за населението.

Во Џабалија, бегалски камп изграден за цивили што побегнале пред 75 години, израелската армија употребила булдожери за да ги отстрани продавниците и другите згради во близина на локалниот пазар, објавија жителите.

Израел објави дека се вратил во тој камп, за кој пред неколку месеци соопшти дека повеќе нема борци на Хамас, со цел да ја спречи милитантната група да се прегрупира таму, како што тврди израелската армија.

Здравствените власти и итните служби објавија дека десетици тела се наоѓаат под урнатините на куќите во Џабалија, но спасувачите не можат да пристапат до нив. „Израел го урива кампот врз главите на луѓето, бомбардирањето не престанува, а светот бара повеќе храна да влезе во Газа. Сакаме да спасиме животи, а не дополнителна храна“, рече Абу Ел-Насер, жител на Џабалија, кој побегнал во градот Газа.

Повеќе од 35.000 Палестинци загинаа во израелската офанзива на Појасот Газа, тврдат локалните власти, додавајќи дека се трага по уште најмалку десет илјади, заробени под уништените згради.

Израелската армија еден ден претходно објави дека уништила „околу 70 терористички локации“ во енклавата, вклучувајќи складишта за оружје, ракетни фрлачи, воени инсталации и набљудувачки пунктови.

На југот на енклавата, во израелски воздушен напад загинаа три деца во куќа во Хан Јунис и најмалку пет лица, од кои три деца, во куќа во Рафа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ