среда, 23 октомври 2024

Израел соопшти дека за два дена убил тројца команданти и 70 члена на Хезболах

Израелската армија (ИДФ) објави дека во изминатите два дена убила тројца команданти на Хезболах и околу 70 члена на таа организација и дека продолжува со „ограничени, локализирани и насочени напади“ врз инфраструктурата и милитантите во јужен Либан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден ден откако потврди дека го убил високиот функционер на Хезболах, Хашем Сафиедин, кој се смета за најверојатен наследник на неодамна убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала, ИДФ ги прошири повиците за евакуација на уште неколку населби околу пристанишниот град Тир во јужен Либан.

Израелската офанзива принуди најмалку 1,2 милиони Либанци да ги напуштат своите домови, а во копнените и воздушните напади загинаа 2.530 луѓе, вклучително и најмалку 63 во изминатите 24 часа, соопшти либанската влада.

Хезболах не ги коментираше наводите на ИДФ за убиството на Сафиедин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ