четврток, 29 февруари 2024

Израел следната недела пред меѓународниот суд по обвинувањата за геноцид од страна на ЈАР

На 11 и 12 јануари Израел за прв пат од почетокот на инвазијата на Појасот Газа ќе одговора по обвинувањата за геноцид пред меѓународниот суд, откако Јужноафриканската Република започна процес пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судот во Хаг вчеравечер го објави распоредот на рочиштата. Јужноафриканската Република (ЈАР) ќе го изнесе своето обвинение на 11-ти, а Израел ќе се брани на 12-ти. Двете страни ќе добијат по два часа.

ЈАР, повикувајќи се на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид, во петокот поднесе документ во кој на осумдесет страници објаснува зошто верува дека Израел врши геноцид во палестинската енклава. Двете земји се потписнички на Конвенцијата.

ЈАР бара судот веднаш да дејствува и да нареди прекин на насилството врз Палестинците. Оваа африканска земја смета дека израелските напади се од „геноциден карактер“, бидејќи нивната цел е уништување на Палестинците во областа.

Документот вклучува обвинувања за злосторства извршени од израелската армија врз Палестинците, како и изјави на израелското раководство кои наводно искажуваат намера за геноцид.

Лиор Хајат, портпарол на израелското Министерство за надворешни работи, ги отфрла обвинувањата. „Израел со згрозување ја отфрла крвавата клевета што Јужноафриканската Република ја шири со оваа жалба“ до МСП, напиша тој минатата недела на Икс.

„На тужбата ѝ недостасуваат фактички и правни основи“, напиша тој, додавајќи дека судот и меѓународната заедница треба „целосно да ги отфрлат“ неоснованите тврдења на ЈАР.

Хајат тврди дека само Хамас е одговорен за страдањата во Газа и дека Израел прави сѐ што може за да ги минимизира страдањата на цивилното население.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ