Напаѓач со нож денеска е „неутрализиран“ откако рани шест минувачи во Хадера, мал град во централен Израел, соопшти полицијата.
Станува збор за терористички напад на четири места, соопшти полицијата, додавајќи дека напаѓачот избегал со мотор, но бил „неутрализиран“.
Од израелската организација „Маген Давид Адом“, еквивалент на Црвениот крст, велат дека состојбата на некои од ранетите е сериозна.