среда, 23 октомври 2024

Израел се закани: Брзо да се елиминира новиот лидер на Хамас

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац повика на „брза елиминација“ на новиот лидер на Хамас Јахја Синвар, кој на таа позиција го замени убиениот лидер Исмаил Ханија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Именувањето на архитерористот Јахја Синвар за нов лидер на Хамас, кој ќе го замени Исмаил Ханија, е уште една убедлива причина брзо да го елиминираме и да ја збришеме оваа подла организација од лицето на Земјата“, порача Кац на социјалната мрежа Икс.

Командантот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар, беше именуван вчера за политички лидер на милитантната палестинска група, а израелската војска го бара од почетокот на војната во енклавата за планирањето на упадот од 7 октомври во Израел.

61-годишниот Синвар поминал 23 години во израелските затвори пред да биде пуштен во 2011 година во рамки на размена на заробеници.

Во моментов се смета за најмоќен лидер на Хамас, по убиството на Ханија, заменик лидерот на групата Салех ал Арури, кој беше убиен во Бејрут, и Мохамед Деиф, воениот командант на Хамас.

Синвар не се појавува во јавноста од 7 октомври и се наоѓа на американската листа на опасни терористи.

Исмаил Ханија беше убиен во Техеран, најверојатно од Израел, а Иран и Хамас ветија одмазда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ