петок, 27 декември 2024

Израел се подготвува за „секое можно сценарио“ по убиството на вториот човек на Хамас

Израелската армија се подготвува за „секое можно сценарио“ еден ден по нападот во предградијата на Бејрут во кој беше убиен еден од основачите на палестинското движење Хамас, објави Франс прес повикувајќи се на официјални извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Израелските сили се во многу висока состојба на готовност… во одбрана и во напад. Ние сме целосно подготвени за секое сценарио. Најважно е да кажеме дека сме фокусирани и остануваме фокусирани на борбата против Хамас“, изјави синоќа портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.

Високиот функционер на Хамас Салех Арури беше убиен вчера во Бејрут, потврдија Хамас и Хезболах.

Либанската државна новинска агенција објави дека Аури и уште пет лица загинале во експлозија предизвикана од израелско беспилотно летало.

Лидерот на Хамас, Исмаил Хание, го осуди „прекршувањето на суверенитетот на Либан“ и „проширувањето“ на војната што се води во Појасот Газа.

„Движењето чии водачи и основачи паѓаат како маченици за достоинството на нашиот народ никогаш нема да биде поразено“, рече Хание.

Арури, еден од основачите на военото крило на Хамас, беше на чело на групата на Западниот Брег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ